Вториот Amazfit настан за фановите одржан во Индија 2018

На 16-ти декември, 2018 година, Amazfit Deli Fun Run се одржа во Делхи, главниот град на Индија. Ова е втор фестивал на Amazfit во странство, по првиот што се одржа во Индонезија во август годинава. 60 учесници се пријавија за овој настан преку Amazfit онлајн платформата за социјални медиуми. Овој настан, исто така, доби многу поддршка од Flipkart, партнер на Amazfit за соработка во Индија.

На 7 часот на 16 декември, нашите учесници почнаа да се појавуваат. Кога сите пристигнаа, Аmazfit изрази благодарност до учесниците за нивната поддршка и наклонетост кон Amazfit, откако влезе на индискиот пазар во јули. Викас, индиски фанатик по фитнес, потоа ги извести учесниците да се загреат пред почетокот на трката. Трката започна од Централниот парк, а учесниците трчаа кон една од обележјата на Делхи, портата Индија; потоа се вратија на почетната точка. “Здраво Amazfit од Индија”, учесниците извикуваа пред портата на Индија, држејќи свои знамиња од Amazfit. По речиси 6 километри од трката, претставникот од Flipkart даде купони за попуст како подароци за сите учесници. Amazfit издаде сертификати за сите учесници. Откако ја надополнија својата сила учесниците направија фотографии со цел да го обележат овој прекрасен настан.

Amazfit се надеваше дека ќе одржи повеке активности за своите фанови за да им се заблагодари за нивната значителна поддршка. 2018 е при крај со нетрпение ја чекаме новата 2019.