Xiaomi телефони – Гаранција 24 месеци
Додатоци (Полнач,Кабел, Батерии) – Гаранција 6 месеци
Mi Eко продукти – Гаранција 12 месеци
ОВАА ГАРАГАНЦИЈА ВИ ОВОЗМОЖУВА ДА:
• ГО ЗАМЕНИТЕ ПРОИЗВОДОТ ЗА НОВ, доколку во гарантниот рок истиот престане да функционира поради дефекти во дизајнот или материјалот, или пак има проблем со Оперативниот Систем (MIUI) кој настанал пред да почнете да го користите производот.
• ГО ПОПРАВИТЕ производот и после истекот на гарантниот рок. Трошокот за овие поправки после истекот на гарантниот рок е на Ваша сметка. Хај Комуникации се обврзува да обезбеди резервни делови за Вашиот производ и после истекот на оваа Гаранција.
• ДОБИЕТЕ ТЕХНИЧКА ПОМОШ од стручно лице, наведено од страна на Хај Комуникации, за користење на производот, како за самиот уред, така и за неговиот оперативен систем.
УСЛОВИ ЗА ГАРАНЦИЈА:
1. За да се прифати Вашата гаранција, со истата треба да приложите и оригинална фактура/сметка како и овој Гарантен лист уредно пополнет и заверен со печат. Доколку овој Гарантен лист не содржи Модел, IMEI број и официјален печат на продавачот, Вашата гаранција нема да важи.
2. Доколку се изврши замена на производот во гарантниот рок, времетраењето на гаранцијата не се менува.
3. Гаранцијата нема важност кога нема дефекти во материјалот, дизајнот, изработката и функционалноста на компонентите или Оперативниот систем.
4. Доколку поправката на производот трае подолго од законски пропишаниот рок од 30 дена, истиот ќе биде заменет со нов или соодветен производ од истата марка.
5. Во случај на замена, стариот производ треба да се комплетира во оригиналната амбалажа и со сите додатоци и документи кои го пратат при продажбата. Истиот останува
во сопственост на Хај Комуникации.
6. Гарантниот рок се продолжува за времетраењето на поправката/сервисот.
7. Доколку сервисот е повикан за интервенција за производ кај кој не е детектиран дефект опфатен со гаранцијата, сервисот има право да ги наплати од клиентот патните трошоци и трошоците за преглед на апаратот.
ГАРАНЦИЈАТА НЕ ВАЖИ ЗА/ВО СЛУЧАЈ:
1. Тековно одржување, замени на амортизирани делови, разни поправки и проверки.
2. Доколку се појават жолти дамки на екранот од прекумерен притисок на страниците на екранот после 1 месец користење (промена под условите на оваа гаранција се прифаќа само во првиот месец).
3. Доколку се предизвика штета на производот со злоупотреба или при ракување (извиткување, искривување што може да наштети на внатрешните компоненти и батеријата) а кое не е во согласност со упатството за употреба.
4. Доколку производот се сервисира или отвора од страна на неовластени лица, и доколку на иститот се имплементира некомпатибилен софтвер (и вируси) од страна на трети лица. За сите информации и техничка поддршка може да се обратите на www.miui.mk.
5. Доколку се појави проблем со нормално функционирање на производот, а истиот е последица на услугите што ги обезбедува мобилниот оператор на кој е приклучен производот, а не на самиот производ.
6. Разни незгоди со или без намера, вон контрола на Хај Комуникации и нормален режим на работа на самиот производ. Пример: сите типови на механички оштетувања како резултат на пад, нагмечување, дупчење, гребење, вандализам и друго, оштетувања од влага, продирање на течности, корозија, оган, електричен удар од непредвиден извор на струја или варијација на напон од електричната мрежа, како и електричен удар предизвикан од гром.
7. Поради природно абење на материјалите.
8. Кога би настанал проблем во работата на апаратот како последица на користење на неавторизирани или неоригинални додатоци, или додатоци кои не се наменети за користење со Вашиот производ.
9. Доколку се оштетени обележјата кои гарантираат дека производот не е серевисиран, или други маркички или налепници, на кутијата како и на самиот производ. Кога има несоодветности помеѓу податоците на гарантниот лист и производот или обид за нивна измена.
10. На недостатоци кои се појавуваат како резултат на влага, рѓа, инсекти, страни предмети, нечистотија, употреба во несоодветни простории, употреба на нагризувачки средства, како и за употреба на производот за комерцијални цели и други деловни дејности.
11. Доколку се поништи овој Гарантен лист од страна на Хај Комуникации по основ на прекршување на општите гарантни услови, а согласно законот за заштита на потрошувачите.
12. Не се смета дека производот има недостаток само поради тоа што подоцна бил ставен во промет подобар производ.
Како потрошувач, имате право кај трговецот кај кој е купен производот, да го замените истиот со друг, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или од други причини во рок од 15 дена од денот на купување на производот, под услов ако производот не е употребуван, ако е сочуван фабричкиот изгледот на производот, употребните својства, пломби, фабричките етикети, амбалажата, како и фискалната сметка/фактура.
За евентуална рекламација по купувањето, потребно е мислење или препорака од страна на наведените овластени сервиси во овој Гарантен лист. Како потрошувач ги имате законските права кои произлегуваат од
националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и овие права не се загрозени со гаранцијата.
Проверка на автентичност на вашиот производ и дали е наменет за официјална продажба во РМ:
http://www.mi.com/verify/#imei_en
Напомена!
Доколку производот е мобилен телефон, искрено ве замолуваме да ги користите услугите на Xiaomi за он-лајн сигурносна копија на самиот телефон, и на i.mi.com. За користење на оваа услуга, мора бесплатно да регистрирате
Mi account (сметка). Истото e брзо а може да се направи при првото стартување на телефонот. На таа страна може и официјално да поднесете барање за отклучување на самиот телефон (Unlock Bootloader). Доколку се отклучи
Bootloader-от, Хај Комуникации не гарантира за вашите податоци, а воедно и оваа гаранција престанува да важи. Софтверот/Оперативниот систем има можност за автоматска надградба, или рачна инсталација со помош на апликацијата Updater. Секогаш треба да се инсталира официјален софтвер.
Напомена!
Хај Комуникации не превзема никаква одговорност доколку настане губење/бришење на Вашите податоци (контакти, слики, пораки и др.) при: користење на производот, сервис за време или после гарантниот рок или во друг случај. Доколку се појави потреба за ресетирање на уредот на фабрички поставки, податоците ќе треба да се избришат и не постои гаранција за нивно зачувување. Сите забелешки, идеи и технички прашања може да ги испратите на Официјалниот Форум за поддршка како и Фан Страна за Mi (Xiaomi) во Македонија forum@miui.mk или на miui@mi-store.mk
Хај Комуникации сервисот, е единствен авторизиран сервис на Xiaomi во Македонија.
Hi Communications service center, is the only authorized service center in Macedonia.
https://www.mi.com/global/service/warranty