ПЕКИНГ, 14 јануари (МИА) – Huami денеска објави дека пристапува во стратешка соработка со McLaren Applied Technologies, глобален лидер во високи перформанси за дизајн и технолошки решенија, за заеднички да развијат кобрендирани интелигентни решенија за оптимизација и технологии што може да се носат во иднина. Овие ко-развиени, кобрендирани производи ќе работат беспрекорно со мобилните апликации за да им овозможат на корисниците да имаат сеопфатен поглед на нивните биометриски податоци и активности, особено во однос на активностите за здравје и велнес- базирани активности и конкурентни е-спортови, пазарен сегмент на растечка популарност во последниве години. Соработката ќе ја истражи примената на производите кои придонесуваат за оптимизација на човековите перформанси во областа на трки, како што се сензори за тело и Al технологија.
Првата фаза од соработката ќе биде Huami Partner со проектот “McLaren Shadow”. Huami технологијата ќе биде искористена за да се избере победникот на натпреварот, што се одржува во McLaren Technology Center во периодот од 16-17 јануари 2019 година. Победникот ќе биде избран од седум финалисти по два дена виртуелни и реални трки, како и ригорознo тестирање на човековите перформанси од McLaren Applied Technologies.
Во текот на финалната седмица, сесиите за оценување ќе вклучуваат детекција на стимулации, централна обработка, физички способности и вештини за возење кои ќе користат биометриски податоци собрани од високо квалитетните производи од Huami за да ги проценат карактеристиките на човековата изведба изложени за време на настанот.
“Ние сме возбудени да работиме со водечки светски перформанс за дизајн и технолошки решенија McLaren Applied Technologies и официјален партнер на McLaren Shadow Project. Ние веруваме дека ова стратешко партнерство го потврдува потенцијалот за раст на нашите високо квалитетни производи и ќе помогне да се прошири нашиот глобален дострел “, рече Томми Танг, потпретседател на Huami. “Како дел од нашата стратешка соработка, ние ќе ги интегрираме нашите меѓусебно компатибилни технологии за да развиеме иновативен дизајн и да создадеме сеопфатно корисничко искуство. Како партнер на Project McLaren Shadow оваа програма ќе им овозможи на уредите на Huami да бидат искористени како извонреден извор на податоци за да се детализираат огромните сознанија за човечките физички перформанси кои работат во различни сектори, вклучувајќи ги и велнес- базирани активности и е-спортот “.
“Како дел од нашето партнерство, ние имаме чест да помогнеме да се одреди шампион на МcLaren Shadow, врз основа на анализа на биометриските податоци собрани од нашите премиум производи”, продолжи Танг. “Поважно, со нетрпение очекуваме заеднички да развиеме паметни производи, кои работат со мобилни апликации за да им обезбедат на корисниците целосен преглед на нивните биометриски податоци и податоци за активноста. Заедно, можеме да поставиме нов стандард во обезбедувањето на увид во човечките перформанси што може да се измери и да се изврши. ”
Mајк Колиер, раководител на Human Performance на McLaren Applied Technologies, коментираше: “Ова е многу возбудлива најава за McLaren Applied Technologies . Huami е глобален лидер во производство на паметни производи и се надеваме на можност за ко-развој на производи како дел од ова долгорочно партнерство. Вклучувањето на McLaren Applied Technologies во Project Shawdow на МcLaren е клучна разлика помеѓу нашата конкуренција и другите во е-спортот. Оваа понуда е само зајакната со ова партнерство со Huami и ние сме задоволни што имаме таков доверлив партнер за да помогне да го избереме нашиот победник “.